Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“.
Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче.
Продолжуваме со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на нашите граѓани и посетители.