Општина Конче, 2424 • +389 (32) 630-325
Република Северна Македонија
ЈАЗИК
Република Северна Македонија Општина Конче
Соопштенија

Јавен оглас за работно ангажирање на невработени лица за јавни работи во Општина Конче

Јавен оглас за работно ангажирање на невработени лица за јавни работи во Општина Конче

Општина Конче објавува Јавен оглас за работно ангажирање на 10 невработени лица за извршување на јавни работи.

Ангажирањето е предвидено за период од 30 работни дена, со работно време од 4 часа дневно. Работите се однесуваат на одржување на јавната инфраструктура, уредување и заштита на животната средина и природата.

За секој работен ден е предвиден надоместок во износ од 800 денари нето по лице.

На огласот можат да се пријават невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, вклучително и ниско квалификувани невработени лица и невработени лица над 55 години.

Пријавите се поднесуваат во архивата на Општина Конче, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Краен рок за пријавување: 22.10.2026 година.

📄 Преземи го Јавниот оглас

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Службен гласник
Службен гласник 11/26
Седници на Совет (2025-2029)
14 редовна седница