Во населеното место Ракитец, Општина Конче, се спроведуваат градежни активности за изградба и уредување на речното корито на Канал 1.
Со реализацијата на овој проект се придонесува кон подобрување на инфраструктурата, уредување на просторот и заштита на животната средина во населеното место.
Општина Конче продолжува со посветеност кон подобрување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во сите населени места на територијата на општината.