Општина Конче, 2424 • +389 (32) 630-325
Република Северна Македонија
ЈАЗИК
Република Северна Македонија Општина Конче
Новости

Фотонапонска централа на покривот на општинската зграда во с.Конче

Фотонапонска централа на покривот на општинската зграда во с.Конче

Од сончевата енергија до поефикасна општина!

На покривот на општинската зграда во село Конче е реализиран проектот за поставување фотоволтаична централа со инсталиран капацитет од 40 kW.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2.493.104 денари.

Со реализацијата на овој проект, општинската зграда добива сопствен извор на електрична енергија од обновливи извори, со што се создаваат услови за поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за електрична енергија и заштита на животната средина.

Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон одржлив развој и поефикасно искористување на природните ресурси.

Општина Конче продолжува со заложбите за енергетска ефикасност, модернизација и одржлив локален развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Службен гласник
Службен гласник 12/26
Седници на Совет (2025-2029)
15 редовна седница