Месец: <span>м.г</span>

Ново возило за собирање и транспорт на комунален смет за ЈП Лакавица Конче донација од општина Конче

Општина Конче продолжува со подобрување и јакнење на капацитетите на комуналнто претпријатие ЈПКД „Лакавица“.
Почитувани сограѓани во соработка со Светска Банка и грант од проектот „ Подобрување на општинските услуги-МСИП“ општина Конче набави ново возило за набавка и транспорт на цврст отпад. Со капацитет од 2.5м3 новото возило ќе ни овозможи по брз и ефикасен пристап за собирање на смет до околу 800 домаќинства, покрај подобрата услуга за нашите граѓани преку овој проект ќе овозможиме и еколошка заштита на животната средина на нашата општина,Исто така сакам да ве известам дека со набавка на камионот и тракторот за организирано собирање на смет за прв пат од своето постоење ЈПКД „ Лакавица“ успеа да добие лиценца за собирање и транспорт на смет како од домаќинствата така и од индустриските капацитети во нашата општина. Со овие активности потрврдуваме дека како одговорна општина за нас се приоритет услугата и потребите на нашите сограѓани истакна Градоначалникот на општина Конче Благој Илиев.

Посета на амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир на општина Конче

Ми беше чест и задоволство во нашата општина да го пречекам Амбасадорот на Европска Унија г-дин Дејвид Гир со кој ги посетивме и разговаравме за реализираните проекти со финансиска помош од Европска Унија. Со реализација на овие проекти овозможивме на посетителите подобри услови за прошетки во природа,рекреативни спортски активности околу езерото, пикник со најблиските и уживањево природните убавини. Недопрената природа, чистиот воздух и здравата храна се само мотив повеќе за туристите да го посетат Езерото Мантово и Општина Конче.Очекуваме спроведените активности да поттикнат дополнителни приватни инвестиции кои ќе ја унапредат туристичката понуда во нашата општина.Во последните 3 години ова е втора посета на Евроамбасадор во нашата општина и тоа потврдува дека сме на вистински пат за промвирање на убавините на нашата прекрасна општина.

Потпишан Договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче

Почитувани сограѓани заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ го потпишавме договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари. Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа. По разговорот со преставниците на инвеститроте и финансиерите дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.